Чаби Алонсо донел конечна одлука за својата иднина!
Имено, според поголемиот дел од медиумите во Германија, Чаби Алонсо нема да ја напушти клупата на актуелниот шампион на Германија.
Новинарите повикувајќи се на извори блиски до шпанскиот стратег тврдат дека Алонсо купил куќа во близина на Дизелдорф и го известил раководството на клубот дека сака да продолжи да го води тимот.
Алонсо веќе подлог време се најавува како идеален кандидат за наследник на Карло Анчелоти кога италијанскиот стратег ќе замине од Реал Мадрид.
Медиумите претходно пренесуваа и уште една добра вест за Леверкузен, а тоа и најавата за останување на најголемата ѕвезда на тимот, Флоријан Вирц за кого се заинтересирани повеќе европски гиганти.