Антонио Кандрева му кажа „збогум“ на фудбалот

Италијанскиот ветеран Антонио Кандрева објави дека заминува во пензија на 38-годишна вораст.

Последниот клуб во кариерата на Кандрева беше Салернитана, но во претходната сезона беше без ангажман.

Во кариерата Кандрева настапуваше за: Тернана, Удинезе, Лацио, Јувентус, Парма, Чезена, Интер и Сампдорија.

Исто така беше и репрезентаитвец на Италија. Вкупно во кариерата Кандрева одигра 502 натпревари во кои постигна 85 гола и додаде 100 асистенции.

„Драг фудбал, денес е еден од моите најважни денови во животот. Дојде време да кажам збогум, тука на „Сан Сиро“ го одиграв последниот натпревар. Приказната ја започнав пред 30 години и беше исполнета со уживање, но и болка, жртви и победи со многу емоции. Не гледам на ова како збогување, туку како почеток на нешто ново. Благодарен сум за се, се гледаме во иднина“, порача Кандрева.