
Димитријевиќ не настапи, Шортс ја сруши Олимпија
Повторно во редовите на францускиот тим блескаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок.
Шортс уфрли 24 поени и додаде уште шест скоквои и десет асистенции со што беше најдобар на теренот.
Зад него следеше Каузер од Олимпија со 18 поени. Димитријевиќ за италијанскиот состав не настапи на оваа средба.
На табелата Париз по 30 одиграни натпревари се наоѓа на шестата позиција која е последна што обезбедува директно место во четвртфиналето, но француската екипа не се далеку ниту Црвена Звезда и Барселона.