
Французите против Хрватска ќе играат без една од своите големи ѕвезди
Поради повреда отпадна напаѓачот на Интер, Маркус Турам кој е еден од фудбалерите кои играат во најдобра форма оваа сезона.
Иако за Интер неколку натпревари сезонава ги играше со инјекции за болка, досега има постигнато 17 голови и е еден од главните играчи на нероазурите.
Сепак, Турам поради болка во зглобот во консултација со лекарскиот тим и селекторот Дешамп одлучија да се врати во Милано.
Франција и Хрватска ќе одиграат четвртфинален двомеч на 20 и 23 март.