РФМ го одреди терминот на одложеното коло од Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одреди нови датуми за натпреварите кои беа одложени поради деновите на жалост за трагедијата која се случи во Кочани.

Последното, 22. коло од регуларниот дел од сезоната требаше да се одигра на 22 и 23 март, но беше донесена одлука да биде одложено поради деновите на жалост.

РФМ сега донесе одлука натпреварите да се одиграат на 25 и 26 март.

Допрва ќе бидат утврдени термините за одложените натпревари од 18 коло во Првата лига и од 19 и 20 коло во женската Суперлига.