КФМ го одложи колото за следниот викенд – ќе играат само тие што не играа!

Седумдневната жалост поради ужасната несреќа во Кочани, каде што во катаклизмичен пожар починаат 59 лица за преку 150 се повредени, е причината поради која следниот викенд нема да се играат планираните средби од 21. коло од Првата лига.

Овие натпревари се пролонгирани за една недела, додека од понеделник до следната среда ќе бидат одиграни одложени средби помеѓу Работнички и Куманово односно помеѓу Вардар и Тиквеш, кои требаше да се играат на денот кога се случи големата трагедија. Дали пропуштениот термин дополнително ќе биде надополнет со вонредно коло е одлука која комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Ова одложување и начинот на одигрување на средбите кои не се играа во неделата ќе важи и за сите останати сениорски лиги како и на мечевите од сите младински категории.