
Легендарните Стоичков и Балаков ќе им помагаат на жртвите во пожарот во Кочани!
Во официјалното соопштение на фондацијата (види ТУКА), која ги обединува фудбалерите од историскиот успех на Бугарија на СП 1994, најави собирање парични средства за помош на настраданите.
„За трагедијата нема датум и час, по неа остануваат само солзи и неизлечива болка. Изразуваме најискрено сочувство до семејствата на загинатите. Фудбалот нè зближи со луѓето од Македонија, а сега е време да бидеме со нив. Се молиме за повредените. Нека Господ биде со нив!“, напишаа од фондацијата.
Пожарот, кој избувна во ноќен клуб во саботата вечер, однесе 59 животи. Осуммина тешко повредени се пренесени на лекување во „Пирогов“ во Софија, меѓу нив и три деца под 18 години – две девојчиња и едно момче. Меѓу загинатите е и студентка од Американскиот универзитет во Благоевград.