Артета нуди 120 милиони евра за еден од најдобрите напаѓачи

Арсенал во јануари пропушти шанса да купи нов напаѓач, поради што тренерот Микел Артета сака да го реши проблемот во текот на летниот преоден рок.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал е подготвен да испрати понуда од 120 милиони евра за еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата.

Артета сака со сите сили да го ангажира Александар Исак од Њукасл, кој е желба на голем број европски гиганти.

Исак оваа сезона настапи на 33 натпревари, а притоа постигна 23 голови и пет асистенции.