Хаос во Барселона: Флик и Лапорта се скараа поради Нејмар!

Германскиот тренер Ханси Флик има добри резултати на кормилото на Барселона и во моментов е лидер во шпанската Ла Лига, но има еден проблем со претседателот на тимот, Жоан Лапорта.

Првиот човек на Барселона наводно сакал да го врати Нејмар во редовите на каталонскиот гигант, меѓутоа Флик му кажал дека не му е потребен таков фудбалер во неговиот состав.

Флик се сомнева во квалитетите на Нејмар, но и тоа што бразилскиот фудбалер често е повреден, како што можеше да се забележи и додека го носеше дресот на Ал-Хилал.

Нејмар претходно играше за Барселона пред да замине во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра.