
Аргентина сериозно ослабена во квалификациите за Светското првенство
Медиумите од Аргентијна пренесуваат дека Меси бил изоставен од конечниот список за средбите со Уругвај и Бразил.
Пред само еден Меси играше за Интер Мајами и постигна гол во победата од 2-1 над Атланта, но тоа беше само петти натпревар вкупно за Меси сезонава, а во нив постигна четири гола и подели две асистенции.
Покрај Меси, Аргентинеците ќе бидат и без Пауло Дибала кој исто така е повреден. Аргентина на 22 март ќе игра против Уругвај на гости, додека четири дена подоцна ќе го пречека Бразил.
На табелата „гаучосите“ се лидери во групата со 25 бодда, пет пвеќе од Уругвај кој е втор, додека Бразил е петти со 18.