Ренџерс го доби дербито со Селтик (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ренџерс во натпревар со пет гола успеаа да слават 3-2 во дербито со Селтик.

Дербито големите ривали донесе натпревар со возбудувања и шанси, а на крајот се радуваа избраниците на на тренерот Фергусон.

Победата за Ренџерс е одмазда за претходнииот натпревар во кој Селтик како гостин славеше победа од 3-0.

Ренџерс уште на полувремето водеше со 2-0 со погодоците на Раскин и Диоманде. Успеаа зелен0-беите да се вратат во натпреварот преку Џиу Маде и Ри Хатет, но сепак бодовоите ги освои Ренџерс. Херој беше Хамза Игамане кој стрелаше во 88. минута за триумф и три бода.

Сепак, оваа победа веројатно нема да влијае на исходот на шампионската трка бидејќи Селтик и понатаму има големи 13 бода предност.