Младите ракометари на Македонија ремизираа против Полска

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ремизира против Полска (27-27) на пријателскиот меч во рамки на подготовките за младинскиот Мундијал, кој е закажан од 18 до 29 јуни во Полска.

По израмнетиот почеток на натпреварот (6-6), Полска влезе во серија од 6-0 и избега на 12-6. Сепак, македонските ракометари до полувреме успеаја да намалат на 11-16.

Македонија заигра подобро во вториот дел, па набрзо израмни на 17-17, а потоа во завршницата го презема водството.

Во возбудлива завршница Полска најпрво успеа да израмни на 27-27, а потоа имаше и шанса за победа, меѓутоа Давид Брестовац успеа да го одбрани ударот на противникот.

Полска и Македонија и вчера одиграа пријателски меч, кој исто така заврши нерешено (24-24).