
Светскиот шампион во Мото ГП нема да вози ниту во Америка
Мартин се повреди на тестовите пред почетокот на сезоната и имаше операција на раката во февруари, по што доживеа уште еден пад.
„Имам проблеми да се вратам толку брзо колку што би сакал. Сакам да возам во Остин, но не можам да се тркам. Не знам дали ќе можам да настапам ниту во Катар. Уште е рано“, кажа Мартин.