Мурињо во аут, Ренџерс е последен четвртфиналист (ВИДЕО)

Иако победи со 2-0 во Глазгов, Фенербахче го завршува својот пат во Лигата Европа за оваа сезона.

Ренџерс поминува понатаму затоа што на пенали славеше со 3-2 иако во најголемиот дел од мечот вечерва беше во подредена положба. Симански со два гола ја анулираше предноста на шкотскиот претставник од првиот натпревар, во дополнителните 30 минути немаше голови, па победникот се бараше на пенали.

Таму, херој на Ренџерс беше голманот Батленд кој ги одбрани ударите на Тадиќ и Фред, додека Јандас во петтата серија шутираше високо над голот. Во меѓувреме, од четворица изведувачи на Ренџерс, тројца беа прецизни, а само Хаџи не успеа да го совлада Ирфан Џан.

Во четвртфиналето, Ренџерс ќе се сретне со Атлетик Билбао кој вечерва ја елиминира екипата на Рома. Поразот на Фенербахче значи дека Жозе Мурињо сезонава нема да има можност да се бори за нов европски трофеј во својата кариера.