Футсал репрезентацијата доживеа пораз од Андора

Македонската футсал репрезентација со срамен пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Во последниот меч, нашата селекција загуби на гостувањето кај Андора со 1-2 и со само еден бод и гол разлика 3-18 стави точка на овој циклус. Андора го освои третото место со шест бода, а денешната победа беше прва за тимот на оваа земја во овие квалификации.

Се што беше важно на овој натпревар се случи во период од 40-тина секунди, во финишот од мечот. Прво Регало ја доведе Андора во водство, потоа Тодоровски израмни, а шест секунди подоцна Блат го постави конечниот резултат. Неколку минути претходно, при резултат 0-0, Регало промаши пенал.