Само 27 секунди му требаа на Атлетико да ја анулира предноста на Реал (ВИДЕО)

Веќе во првата своја акција, Атлетико Мадрид поведе во реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите, против Реал.

Стрелец на голот, по само 27 секунди игра, е Галагер кој ја затресе мрежата на Куртоа и предизвика делириум на преполните трибини на стадионот Метрополитано.

Вкупниот резултат сега е 2-2, а преостанува уште цел натпревар за да се одреди патникот меѓу осумте најдобри.