Лил не издржа, Борусија со пресврт до четвртфинале (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се првиот четвртфиналист од денешните натпревари во Лигата на шампионите откако со пресвврт славеше во Франција против Лил.

Лил прв дојде до водство со голот на Дејвид по пет минути игра и имаше уште неколку добри прилики да го зголеми водството, но и Борусија имаше свои прилики.

Сепак, тоа беше единствениот гол во првите 45 минути.

Израмнување за „милионерите“ донесе искусниот Емре Чан во 54. минута со гол од пенал, а веќе 11 минути подоцна Беиер се погрижи за целосен пресврт.

Во четвртфиналето Борусија ја чека тешка задача бидејќи ќе се соочи со Барселона.