Лазаров го објави составот за мечот против Словенија (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи против Словенија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Селекторот Кире Лазаров неколку часа пред натпреварот го избра составот со кој ќе настапи вечерва, а од него отпаднаа Иван Галевски, Никола Маркоски, Дамјан Митев и Александар Петковски.

Македонија по воведните две кола во квалификациите има една победа против Естонија и пораз од Литванија.