Милевски со проверени сили и еден дебитант ќе ги нападне Велс и Лихтенштајн!

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги почне квалификациите за Светското првенство (СП), а во текот на март ќе игра против Лихтенштајн и Велс.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за двата натпревари во март, а повратник во селекцијата е Агон Елези, додека повик имаше и за одличниот Лука Станковски од Раднички Крагуевац.

Првиот натпревар се игра против Лихтенштајн на 22 март на гостински терен, а потоа Велс доаѓа во Скопје на 25 март.