Интер и Баерн без проблеми, со нови победи до четвртфинале (ВИДЕО)

Eкипите на Баерн Минхен и Интер со уште по една победа и во реваншот од осминафиналето и се придружија на Барселона обезбедувајќи место во четвртфиналето.

Интер уште во осмата минута вечерва најави дека нема да дозволи некаков пресврт или драма, Турам постигна одличен гол за водство од 1-0.

Феенорд пред крајот на првото полувреме со гол од пенал на Модер израмни на 1-1. На пауза се замина со по еден гол на двете страни.

На самиот старт од второто полувреме Интер доби пенал, а сигурен реализатор беше Чалханоглу.

До крајот не видовме промена на резултатот, па Интер со вкупни 4-1 се пласираше во четвртфиналето.

Баерн Минхен по триујмфот од 0-3 во првиот натпревар, вечерва славеа победа од 0-2 и место помеѓу најдобрите осум обезбедија со вкупни 0-5.

Двата гола гостите ги постигнаа во второто полувреме, а беа дел на Хари Кејн и Алфонсо Дејвис.