
Шпанците убедени: Винисиус и Мбапе сакаат да ни продадат братство кое не постои!
Реал Мадрид со Мбапе, Винисиус и Родриго има еден од најдобрите напади во светот. Мбапе пристигна во текот на летото откако му истече договорот со Пари Сен Жермен, а „Кадена Сер“ сега пренесува дека двете ѕвезди на „кралевите“ не се посебно блиски.
„Кадена“ пренесува дека Мбапе подобро се снаоѓа со Џуд Белингем и Родриго.
„Тие сакаат да ни продадат братство кое не постои. Но, факт е дека нивниот однос не е добар како што изгледа, не значи тоа дека воопшто не се сложуваат. Со Белингем и Родриго се сложува многу добро, а со Винисиус само добро. Тие не се браќа. Не се мразат, меѓутоа далеку се од идиличен однос“, пишува „Кадена Сер“.
Реал утре од 21:00 часот ќе игра на гостинси терен против градскиот ривал Атлетико во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите.