Бенфика немаше сили за изненадување, Барселона прв четвртфиналист во ЛШ! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона е првата која се избори за место во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва во реваншот на свој терен ја совлада Бенфика со 3-1.

Каталонците први го отворија резултатот со голот на Рафиња по 11 минути, но Бенфика возврати и се врати резултатски во игра само две минути подоцна преку Отаменди.

За ново водство на Барселона се погрижи Ламин Јамал кој постигна вистински еврогол во 27. минута.

Пред крајот на првото полувреме одново на сцена стапи Рафиња кој го постигна својот втор гол за предност од 3-1.

Во второто полувреме гледавме мирна игра во која избраниците на Флик сигурно ја чуваа стекната предност.