Раниери не останува во Рома, поранешен тренер на Лацио ќе ја преземе „волчицата“!?

Клаудио Раниери го одбил предлогот на раководството на Рома да биде тренер и следната сезона, па римскиот клуб ќе добие нов тренер.

Раниери сака да остане на договореното, да ја води Рома само оваа сезона, а потоа да си ја продолжи пензијата која ја прекина само за да му помогне на клубот.

Информациите од Италија велат дека Маурицио Сари е прв фаворит за тренерската позиција на Рома.

Сари од 2021 до 2024 година го водеше најголемиот ривал на Рома, Лацио, па останува да се види како ќе би бил прифатен од навивачите на волчицата.