„Марка“ праша, навивачите на Валенсија кажаа: Столе да брани! (ФОТО)

Првиот голман на Валенсија, Мамардашвили има пад во формата, се чини дека веќе со мислите е во Ливерпул, па фановите сакаат нашиот Димитриевски да застане меѓу стативите.

Столе Димитриевски доби шанса на неколку натпревари од Ла Лига кога Мамардашвили беше отсутен поради повреда, кога се опорави Грузиецот повторно си го врати стартното место.

Но, многумина сметаат дека Димитриевски треба да биде прв голман на Валенсија и покрај вредноста на Мамардашвили кој за 35 милиони евра потпиша за Ливерпул, но остана на позајмица на Местаља.

Шпанскиот весник „Марка“ постави анкета, ги праша навивачите на Валенсија кој треба да биде прв голман, а две третини од нив сметаат дека Димитриевски го заслужува местото.

„Сезонава Мамардашвили брани навистина лошо и директно е одговорен за неколку изгубени бодови. Последниот кикс го направи против Ваљадолид и поради тоа прашањето е сосема на место“, објави „Марка“ и ја постави анкетата.

Анкетата која се уште трае, може да ја видите ТУКА.