Миркуловски на крајот на сезоната го напушта Вецлар

Поранешниот македонски ракометар Филип Миркуловски на крајот на сезоната ќе си замине од бундеслигашот Вецлар, откако раководството на тимот реши да ангажира нов тренер и асистент.

Вецлар го договори тренерот Момир Илиќ, а тој ќе донесе нов асистент во германскиот тим, кој треба да ја преземе позицијата на Миркуловски.

„Голема благодарност до Филип од дното на срцето и неговата посветеност кон клубот“, кажа спортскиот директор Јасмин Чамџиќ за германските медиуми.

Миркуловски беше дел од бундеслигашот од 2015 година, каде што прво играше како ракометар, а потоа се пресели во стручниот штаб.