Реал Мадрид ќе остане без три ѕвезди за дербито со Атлетико!?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид доби лоши вести по натпреварот против Рајо Валјекано (2-1), откако се повредија тројца фудбалери кои се неизвесни за настап против градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

Медиумите пишуваат дека Винисиус Жуниор добил удар во палецот на десната нога, додека Џуд Белингам ја повредил десната натколеница. Родриго, исто така, е повреден и се пожалил на болки во левото стапало.

Медицинските прегледи треба да покажат дали тие ќе бидат подготвени за реваншот против Атлетико, кој е закажан за среда од 21 часот на „Ванда Метрополитано“.