
Кари испиша историја: Нема да биде само кошаркар, ќе има и друга работа
Како што пренесува најпознатиот НБА инсајдер, Шемс Чарни, Кари прифатил улога на помошник на генералниот менаџер за кошаркарки на Дејвидсон колеџот од кој и самиот своевремено беше дел.
Чарни објави дека информацијата ја добил од лице вработено на Универзитетот, а Кари со овој потег и испиша историја во американскиот спорт. Имено, тој стана првиот активен играч во било кој спорт во Америка кој во исто време има и административна работа во некој НЦАА тим.
Кошаркарот на Голден Стејт дел од Дејвидсон универзитетот беше од 2006 до 2009 година кога беше избран како седми пик на НБА драфтот и од тогаш е во тимот од Сан Франциско.
Во актуелната сезона Кари бележи просек од 24.6 поени, 4.5 скокови и 6.2 асистенции по натпревар.