Германскиот гигант се враќа на „Енфилд“: Ливерпул потпишал рекорден договор

Aнглискиот фудбалски гигант денеска го официјализираше новиот договор со „Адидас“ кој ќе ги облекува „црвените“ од наредната сезона.

Ливерпуил во овој момент е насочен на походот кон титулата шампион на Англија и само чудо може да ги спречи. Ако не се случи некој голем пресврт титулата ќе ја прослават во дресови од „Најк“, но наредната сезона носи промена.

Германскиот производител на опрема потврди дека е потпишан рекорден договор со Ливерпул со што оваа компанија се враќа на „Енфилд“ по 13 години пауза. Ливерпул претходно задолжен за дресовите на Ливерпул беше од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.

Иако финансиските детали не се потврдени, се најавува дека Ливерпул ќе добие повеќе од сумата од 70 милиони евра кои сега ги добива од „Најк“. 

Ливерпул дресовите на „Најк“ ќе продолжи да ги носи до крајот на сезоната, но и во текот на припремите за наредната, а соработката со „Адидас“ ќе започне со почетокот на наредната сезона.