
Тежок пораз на Денвер во Оклахома, моќна партија на Шеј! (ВИДЕО)
Борбата меѓу двата тима беше рамноправна се до последниот период во кој се влезе со предност за Оклахома од само три разлика, беше 86-83. Но во последните 12 минути на Денвер му се случи вистински потоп, ја загубија четвртината со 41-20 и на крајот го загубија мечот со 127-103.
Убедливо најдобар на теренот беше Шеј Гилгиус Александер со 40 поени, него го пратеше Вилијамс со 26. За Денвер Јокиќ и Портер дадоа по 24 поени, српскиот кошаркар имаше и 13 скокови и 9 асистенции.