Слот против Саутемптон направи шест измени, но Ливерпул нема да биде казнет

Фудбалерите на Ливерпул во 28. коло од англиската Премиер лига славеа победа над Саутемтон од 3-1, но помеѓу навивачите се појави загриженост дека на „црвените“ можат да им бидат одземени бодови.

Имено, Арне Слот кој овој натпревар го следеше од трибините поради црвениот картон против Евертон направи три измени по првите 45 минути кога во игра влегоа: Робертсон, Елиот и Мекалистер на местото на: Цимикас, Куртис Џонс и Собослаи.

Потоа во игра го уфрли Диого Жота на местото на Дарвин Нуњез, а набрзо потоа Ватар Енде го замени Рајан Гравенверх. Тогашш навивачите на Ливерпул сметаа дека Слот ги изврши сите замени, но се изненадија кога на минута пред крајот Жарел Куанса влезе на местото на Арнолд.

Тоа го забележи и Салах кој брзо реагираше и според информациите на медиумите се обидел да ја спречи замената.

Но, Ливерпул нема причини за грижа. Имено, Јан Бендарек во 19. минута беше заменет поради повреда на главата, а кога ќе се случи таква повреда двете екипи добиваат право на дополнителна замена и очигледно Слот тоа правило сега го искористи.