Тиквеш не искористи напад за победа, Струга освои голем бод!

Ракометарите на Тиквеш освоија бод на гостувањето кај Струга (25-25) во драматична завршница од дуелот од 21. коло во македонската Суперлига.

Струга водеше во поголемиот дел од првото полувреме, но Тиквеш не му дозволи на ривалот да создаде поголема предност од два голови (8-10).

Екипата од Кавадарци во вториот дел влезе во одличен ритам, па набрзо го презема водството и поведе со 21-19.

Домаќините успеаја да анулираат негативата во завршницата, по што Тиквеш во последните секунди имаше напад за победа, меѓутоа голманот на Струга одбрани на неверојатен начин.

Тиквеш има 23 бодови на петтата позиција во Суперлигата, додека Струга е претпоследна со седум поени.