УФЦ борец извади пушка, откако маж сакаше да го нападне со нож (ВИДЕО)

Марлон Вера е познат борец од Еквадор и повторно е главна тема во медиумите, откако маж го нападна со нож додека тој работеше на неговото возило.

Борецот го забележа напаѓачот навреме, па од неговото возило извлече пушка, по што маскираниот маж избега.

Неговите фанови сметаат дека станува збор за договорен инцидент, со цел борецот да привлече внимание во јавност.