
Струга ја понижи Шкендија, Силекс пукна „петарда“ против Беса
По првото полувреме кое помина без голови во Струга, домаќинот конечно се разигра во вториот дел, па најпрво преку Радиќ го отвори резултатот и поведе со 1-0.
Шкендија не успеа да возврати, па набрзо стигна казната од Струга која преку Радески и Радиќ ги постави конечните 3-0.
Силекс беше одличен на гостувањето кај Беса, а победата ја најави уште во првото полувреме кое го доби со 3-0 со головите на Алиќ, Ѓорѓиевски и Хрвановиќ. Екипата од Кратово беше одлична и во вториот дел, па преку Осман и Донов стрелаше за 5-0.
На останатите натпревари Брера Струмица загуби од Гостивар со 0-1, Пелистер ја совлада Воска со 1-0, додека Тиквеш го изненади Шкупи со 1-0.
Резултати - 22 коло – Прва лига:
Брера Струмица – Гостивар 0-1
Беса – Силекс 0-5
Пелистер – Воска 1-0
Работнички – Вардар 0-2
Струга – Шкендија 3-0
Тиквеш – Шкупи 1-0
Табела:
Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 20, Брера Струмица 20, Тиквеш 18, Воска 18 и Беса 15