Тоти: Ќе освоеше ли Меси осум „Златни топки“ ако играше во Рома?

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти го кажа својот став за „Златната топка“ и ја спореди својата кариера со таа на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.

Тоти во еден подкаст зборуваше за неговата верност кон Рома, каде што остана во текот на целата кариера, но и за успехот на Меси.

„Никогаш не размислував да заиграм за друг клуб. Тоа едноставно немаше логика. Навистина верувате дека Меси ќе освоеше осум ‘Златни топки’ ако играше 25 години во Рома? Мислам дека не“, кажа Тоти.

Аргентинецот во кариерата освои осум „Златни топки“, и тоа во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021 и 2023 година.