Лионел Меси го промени имиџот - има нова урнебесна фризура (ФОТО)

Новата фризура на аргентинската ѕвезда, Лионел Меси, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Неговата фотографија, снимена во ресторан во Мајами, каде позира со фанови, стана вирална, но најмногу внимание привлече неговиот нов изглед. Со подолга коса и разделена на средина, новиот имиџ на Меси ги изненади навивачите, а многумина со насмевка ја коментираа промената.

Оваа стилска трансформација на капитенот на Интер Мајами веднаш стана тема на разговор, поттикнувајќи различни реакции меѓу неговите обожаватели, меѓу кои најмногу беа тие што „плачеа од смеење“.