
Ништо од враќањето: Барса на Камп Ноу дури идната сезона
Каталонскиот весник Спорт објави дека работите, сепак, доцнат и дека не постои никаква можност до мај, како што беше најавено претходно, да се оспособи барем дел од стадионот за играње регуларни натпревари. Што е најинтересно, Барселона нема да може на Камп Ноу да го игра ни натпреварот од Трофејот Гампер кој традиционално е на програмата во август, пред стартот на новата сезона.
Во најдобар случај, Барса би се вратила на својот стадион по репрезентативната пауза во септември, а постои можност првите три кола да ги игра на гостински терен за да се добие во време, односно околу еден месец, за работите да бидат довршени.