
Нова катастрофа за Далас - се повреди Ирвинг (ВИДЕО)
На ноќешниот меч против Сакраменто, на кој Мавс загубија со 98-122, се повреди најдобриот играч во тимот во моментов, Кајри Ирвинг. Несреќата се случи при еден влез кон противничкиот кош, кога нагази на ногата на Јонас Валанчиунас, а првите прогнози не се оптимистички и би можело да се работи за посериозна повреда.
Соиграчите, меѓу кои беше и повредениот Дејвис, му помогнаа на ветеранот да застане на линијата за слободни фрлања и да изведе „пенали“, а потоа и да го напушти теренот.
Навивачите за оваа повреда ја „обвинија“ лошата карма поради трејдот на Дончиќ во Далас и жестоко го нападнаа генералниот менаџер Нико Херисон бидејќи претходно се повреди и Дејвис.