Навивачи по страшната повреда на Матета скандирале „Умри, умри“ (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Кристал Палас и Милвол во осминафиналето на ФА-купот го одбележа тешката повреда на Жан-Филип Матета, кој заврши во болница, но по инцидентот се случил друг скандал на трибините.

Британски „Телеграф“ објави дека навивачи на Милвол по страшната повреда на Матета скандирале „умри, умри“.

Позитивната вест е тоа што Матета беше пуштен од болница по лекарската интервенција во саботата вечер, по што соопшти преку социјалните мрежи дека се чувствува добро.