
Маркез спектакуларно ја почна приказната со Дукати – беше незапирлив во Тајланд!
По утринската пол-позиција на патеката во Буринам, тој продолжи со доминацијата и во трката, не оставајќи им можност на ривалите. На второто место заврши неговиот брат, Алекс Маркез од тимот Гресини, додека подиумот го комплетираше Франческо Бањаја, двократен светски шампион и тимски колега на Марк.
Во првите десет се пласираа уште и Огура, Морбидели, Акоста, Квартараро, Биндер, Мир и Зарко. Главната трка за ГН на Тајланд се вози утре од 9 часот наутро по македонско време.