Тандемот Кејн-Сон повторно ќе игра заедно?

Се појавија гласини дека Баерн Минхен сака да го ангажира Сон Хеунг Мин од Тотнем.

Наводно Сон е на листата на Баерн Минхен за потенцијални засилувања во летниот преоден рок.

Еден ваков трансфер би значел обновување на тандемот Кејн-Сон кој во Премиерлигата важеше за еден од најдобрите на сите времиња.

Тотнем игра уште една лоша сезона, а квалитетите на Сон се над неуспесите на тимот од Северен Лондон, па нема да биде чудно доколку побара да замине.