
Флик најавува: Допрва ќе ја видите најдобрата Барселона!
Барселона на последниот натпревар во Купот на Шпанија одигра 4-4 против Атлетико Мадрид, а по натпреварот порача дека гледа голем напредок во повеќе сегменти и дека неговиот тим еволуира етапно.
„На добар пат сме да влеземе во најдобрата форма оваа сезона. Некој ќе каже дека играме променливо и можеби е така, но ако ме прашате мене, гледам голем напредок во однос на тоа како игравме на почетокот од сезоната. Ние сме млада екипа со два-тројца поискусни фудбалери. Левандовски е вистински лидер на екипата и во натпреварите ја покажува својата големина“, изјави Флик.
На табелата во Ла Лига е првопласирана со 54 бода, но толку има и Реал Мадрид, додека Атлетико Мадрид е трет со само бод помалку, па така до крајот можеме да очекуваме интересна битка за титулата.