Челси го истури гневот врз Саутемптон и ја прекина лошата серија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси немаа милост во дуелот против Саутемптон и славеа со убедливи 4-0 во 27. коло од англиската Премиерлига.

„Сините“ тргнаа фуриозно во натпреварот, а првиот гол беше дело на Нкунку во 24. минута. Тој потоа успеа и да му асистира на Нето за да ја зголеми предноста на 2-0.

До крајот на првото полувреме Челси постигна и трет гол преку Колвил, додека последниот погодок беше дело на Кукуреља во завршницата од средбата.

Челси со оваа победа скокна до четвртото место и има 46 бодови, додека Саутемптон е последен со само девет поени.