Сурова одмазда: Дончиќ со трипл-дабл го згази тимот кој го издаде без причина (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го однесе тимот на ЛА Лејкерс до победа против Далас маверикс (107-99) во првиот негов натпревар против поранешниот клуб, остварувајќи трипл-дабл учинок.

Иако имаше проблеми со реализацијата, словенечкиот кошаркар успеа да оствари импресивни бројки – за 35 минути постигна 19 поени, 15 скока, 12 асистенции и две украдени топки. Ова беше негов прв трипл-дабл во дресот на Лејкерс, а со тоа стана само четвртиот играч во историјата на НБА кој во првите пет натпревари за новиот тим забележал двоцифрен учинок во три статистички категории.

Шутерскиот учинок на Дончиќ беше под очекувањата, погодувајќи само 6 од 17 обиди од поле (35,3 отсто), вклучувајќи една тројка од седум обиди. Сепак, клучно за Лејкерс беше што тимот дојде до триумф. Најефикасен во победничкиот состав беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока, додека Остин Ривс придонесе со 20 поени. Кај Далас, само тројца играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Најдобар беше Кајри Ирвинг со 35 поени, Клеј Томпсон додаде 22, а Макс Кристи 10 поени.

Со оваа победа, Лејкерс се наоѓаат на четвртото место во Западната конференција со биланс 25-21, додека Далас е деветти со 31 победа и 27 порази.