
Руска тенисерка заработи милиони, а сите пари завршиле кај - татко ѝ!
Андреева освои и 597.000 долари од турнирот во Дубаи, со што се приближи до сумата од четири милиони долари, кои ги заработила во кариерата.
Младата руска тенисерка откри дека парите му ги дава на својот татко, кој се грижи за финансиите.
„Сите пари му ги давам на татко ми затоа што сум малолетна и немам сметка во банка. Мојот татко ги води финансиите, а јас сега ќе побарам малку пари само за мал подарок“, кажа Андреева по прашањето како ќе ги троши парите освоени на турнирот.