Кил го реши Порто, Монпелје подобар од ГОГ

Германскиот гигант Кил славеше на гостувањето кај Порто со 35-30 во петтото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Кил и Порто водеа голема битка во првото полувреме, а германската екипа имаше водство од два гола (17-15) по првите 30 минути.

Порто го загуби ритамот во вторите 30 минути, додека Кил ја зголемуваше разликата за да слави на крајот со 35-30.

Монпелје во возбудлив натпревар триумфира против ГОГ со 30-28 и го реши прашањето за првото место во групата 1 бидејќи има осум бодови и недостижна предност пред ривалите.