Артета: Само преку мене мртов ќе се откажеме од трката за титулата!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим нема намера да се откаже од борбата за титулата во Премиер лигата без разлика на значителната предност на Ливерпул на табелата.

Тимот од „Енфилд“ во моментов има 11 бодови повеќе од „топчиите“, кои имаат натпревар помалку. И покрај тоа што многумина сметаат дека трката за шампионската титула е веќе решена, стратегот на лондонци е решителен дека „топчиите“ ќе продолжат да се борат.

„Дали се предаваме? Само преку мене мртов. Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички уште е можно“, порача Артета.

Тој додаде дека за освојување на Премиер лигата, Арсенал мора да направи нешто исклучително.

„Треба да направиме нешто посебно, веројатно нешто што никој досега не го постигнал во историјата на Премиер лигата“, изјави шпанскиот стратег.