Мареска: Кога не му оди на Палмер, тој тренира уште понапорно!

Кол Палмер кој имаше фантастична прва половина од сезоната, влезе во криза, а со тоа и Челси.

Младиот фудбалер на последните натпревари нема гол или асистенција, неговите игри се одразуваат и на тимот, бидејќи тој беше главниот мотор досега.

Мареска беше запрашан за формата на Палмер.

„Кога работите не одат добро за него, тој тренира уште понапорно. Тоа ми се допаѓа“, открива Мареска.

„Секои шест или седум месеци ние правиме физички тест. Го направивме пред почетокот на сезоната. Го направивме и минатата недела. Од сите фудбалери Палмер беше најсилниот“.