
Спектакуларен гол на Нејмар - директно од корнер во мрежата (ВИДЕО)
На шест меча за Сантос, тој веќе има два гола и три асистенции, а ноќеска ја воодушеви светската фудбалска јавност откако на дуелот со Интер де Лимеира постигна гол директно од корнер. За чиста „десетка“ на овој меч се погрижи со асистенциите за останатите два гола бидејќи Сантос славеше со 3-0.
По 12 одиграни кола, Сантос се наоѓа на првото место во својата група во Паулиста А1 лигата, со 18 бода, еден повеќе од Брагантино.