Гвардиола задоволен и покрај поразот: Го натеравме Ливерпул да се брани

Maнчестер сити беше поразен во дербито против Ливерпул со 2-0, но тренерот на „граѓаните“ сепак изрази задоволство од начинот на кој одиграл неговиот тм.

По овој пораз Манчестер сити заостанува дури 20 бода од Ливерпул кој е лидер на табелата. Сепак, Пеп истакна пофалби за своите фудбалери.

„Одигравме навистина добар натпревар, тесно беше во првото полувреме, а потоа во второто Ливерпул добро се бранеше. Нивниот комплетен тим беше во шеснаесетникот и тоа не е начинот на кој сакаат да играат, ни ги принудивме да бидат повлечени. Можам да им честитам, но и сум задоволен од тоа како ние игравме“, изјави Гвардиола.

Предводници на Ливерпул во победата беа Мохамед Салах и Собослаи кои запишаа по еден гол и асистенција.