
Боксерски спектакл во Ријад – со еден удар патосира ѕвер од 140 килограми (ВИДЕО)
Тој првично требаше да се соочи со Даниел Дубоа за ИБФ титулата во тешка категорија, кој поради повреда го откажа дуелот во последен момент. Наместо него, непотполно подготвениот Баколе ја прифати борбата како замена. И покрај краткото време за подготовка, 140 килограми тешкиот Баколе агресивно влезе во мечот, обидувајќи се да го изненади Паркер со брз нокаут. Сепак, неговите обиди останаа без успех.
Одлучувачкиот момент се случи во втората рунда кога Паркер со прецизен десен кроше го погоди Баколе. По ударот, ѕверот се затетура и падна на подот, што го натера судијата веднаш да ја прекине борбата.